Најстариот Австралиец ја открива тајната за долговечноста, на 111 години се храни со она што сите го фрламе

youtube
принтскрин / јутјуб

Најстариот жител на Австралија открива која е неговата тајна за долговечност

Пензионираниот сточар Декстер Кругер во понеделникот одбележа 124 дена откако наполни 111 година, со што е еден ден постар од ветеранот од Првата светска војна, Џек Локет, кој почина во 2002 година, пишува „Еј-Би-Си Њуз“.

Кругер од домот за стари лица во руралниот град Рома во Квинсленд неодамна за „Australian Broadcasting Corp“ изјавил дека еден деликатес од живина e заслужен за неговата долговечност.

Пилешки мозоци. Знаете, кокошките имаат глава. И таму, има мозок. И тие се вкусни мали нешта. Нивниот мозок е само едно залче“, вели Кругер.

74-годишниот син на Кругер, Грег, вели дека за долговечноста на неговиот татко исто така е заслужно и тоа што поголемиот дел од својот живот го поминал далеку од градот.

Менаџерката на домот за стари лица Мелани Калверт вели дека Кругер, кој ја пишува својата автобиографија, е „веројатно еден од најостроумните жители таму“.

Неговата меморија е неверојатна за 111-годишник“, вели Калверт.

Џон Тејлор, основач на Австралиската книга на рекорди, потврди дека Кругер е најстариот човек во Австралија. Досега најстарата Австралијка беше Кристина Кук, која почина во 2002 година на 114 години и 148 дена.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот