Најскапиот личен тренер: Шварценегер наплати 300.000 долари за тренинг

Арнолд Шварценегер
Арнолд Шварценегер / Фото: EPA-EFE/FRANCK ROBICHON

Арнолд Шварценегер стана најскапиот личен тренер во САД откако во неделата тренираше два тима, од кои секој плати по 150.000 долари за вежбање со надгледување. Сѐ тоа беше во добротворни цели.

Шварценегер, имено, „призна“ дека сега почесто ќе наплаќа 150.000 долари по тренинг во неговата омилена вежбалница во Калифорнија. Споменатите суми се дел од собраните средства за добротворната програма „Афтер-скул ол-старс“ (After-School All-Stars), што глумецот ја основа пред 30 години за помош на децата на училишна возраст ширум земјата.


Во донирањето, пак, луѓето даруваа 5,2 милиони долари. Покрај тренинзите, Арнолд на наддавање во рамки на акцијата продаваше и облека, уметнички дела и возење во своето воено возило.

Гостите платија по 50.000 долари за присуство на настанот, а меѓу нив беа Дени де Вито, Силвестер Сталоне, Долф Лундгрен, заедно со актерската екипа од новата серија на Арнолд на Нетфликс, „ФУБАР“. Неодамна, Арнолд и програмата помогнаа еден училиштен проект во Увалде, Тексас, САД, на барање на градот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот