Најмладата милијардерка се пофали какви чевли и ташни поседува: Една ташна го привлече вниманието на сите (ФОТО)

инстаграм

Најмладата светска милијардерка Кајли Џенер често сака со своите обожаватели на социјалните мрежи да ги споделува деталите од својот приватен живот.

Сестрата на Ким Кардашијан тоа го прави главно преку социјалната мрежа Инстаграм, а овој пат таа своите следебници ги почасти со нов материјал…

Имено, Кајли се „фатила за работа“ па почнала да го средува домот, поточно гардероберот.

Таа го сликаше, па фановите јасно можеа да видат колку и какви чевли и ташни има таа.

Како што можете да забележите, ги има во голем број, а сигурни сме и дека на фотографијата не се сите.

Една ташна во облик на американскиот долар, на која пишува една милијарда го привлече вниманието на сите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот