Најмалку двајца загинати, а седуммина повредени при руските напади во Украина

Фото: Генералштаб на украинската армија

Руските сили извршија ракетен напад врз нафтена рафинерија во индустрискиот град Кременчук во централна Украина, уништувајќи го нејзиниот производствен капацитет и резервоарите за гориво, соопшти украинското Министерство за одбрана. Во соопштението се наведува и дека е соборен  украински авион Су-27 во регионот Харков. 

Во исто време,  Украина тврди дека воспоставиле контрола над селата северно и северноисточно од Харков и ги потиснале руските војници кон границата.

Две лица загинаа, а четири се повредени, откако руската војска го нападна градот Дергачив.

– Руска ракета погоди и територија на аеродромот во Харков, а во гранатирање на областа Салтивка, повредени се три лица, изјави  гувернерот на регионот Харков, Олег Синегубов

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот