Најкатастрофалните земјотреси во Албанија кои одзедоа стотици животи (ФОТО)

Иако Албанија е во сеизмичка зона, земјава немала голем број катастрофални земјотреси. Сепак, во историјата се бележат силни земјотреси кои уништиле стотици домови и однеле стотици животи, пренесува Балканвеб.

Албанија е дел од Јонско-Јадранската сеизмогена зона (регионот Скадар; западна Албанија; областа Корча-Пешкопеа, со активни линии во Лушња, Елбасан, Дебар и Валона, Тепелена-Ерсека).

Албанските Алпи се помалку погодени од земјотресите. Приближно, секоја година во Албанија има 4-5 земјотреси со јачина 6 степени и на секои 25 години има по еден земјотрес со скоро 9 степени, со што Албанија станува регион со голема сеизмичка активност.

Од далечното минато познати како најмоќни земјотреси се тие во Аполонија во 217 година од нашата ера, во Драч земјотреси имало во 334 и 506 година од нашата ера, како и во 1273 година. Исто така од далечното минато се спомнуваат земјотресите во Бутринт во 1153 година и во Круја во 1617 година. Од малиот број на истражувања од денешните денови произлегува дека во текот на 19 век во Албанија имало 77 земјотреси со над 7 степени.

Прочитајте и...  Заев му подари на Мицкоски значка со НАТО, Мицкоски нему празен „Луј Витон“ паричник

Но, кои се 10-те најмоќни земјотреси во историјата на Албанија? Десетте случаи кои фигурираат рекордите на “CatMonitor“, нема да верувате, но историјата почнува од 1851 година…

17 октомври 1851 година
Регионот на Берат е погоден од силен земјотрес со тешки последици. Над 400 мртви луѓе и бројни уништени згради. Големи пукнатини, лизгање на земјиште и сулфурна прашина.

Јули-август 1855 година
Скадар почуствува силни потреси предизвикувајќи уништување на Бушат, Јубан, Козмач, Вау и Дејес и други села во Скадар, Карме, Душан, Топлан и Бруч. Големи пукнатини во земјата.

22 декември 1919 година
Лесковик-Коница почувствуван земјотрес со јачина од 6,1 степени според Рихтер. Многу куќи уништени на албанската граница, како и во грчките села Изборос, Плаволи, Белтонси и Капазтико. Уништен целиот регион. Нема податоци за жртви.

Прочитајте и...  Министрите за здравство на земјите од ЕУ на состанок во Брисел за коронавирусот

18 декември 1920 година
Вкупно 173 куќи се уништени, а десетици повредени во Елбасан. Последиците од земјотресот со епицентар во Елбасан најмногу се почувствува во Пеќин, каде животот го загубија 14 лица, а 300 беа сериозно повредени.

30 март 1921 година
Нема извештаи за човечки жртви, но десетици куќи се уништени во Пешкопеја и Дебар (Македонија).

27 август 1948 година
Скадар погоден од земјотрес од 5,5 степени. Сериозни штети на коритото на реката Буна и во градот Скадар. Најголемата штета пријавена во Труш (1 мртво лице и 27 повредени). Биле уништени објекти и во Облике и Барбулуш.

1 септември 1959 година
Уништувања во Лушња, Фиер, Рогожина, Пеќин, Кучова и Берат. Вкупно беа уништени 944 куќи, пишува “Javanews”. Главно во Карбунар, Лушње. Големи штети на индустриските згради, училиштата, болниците и културните објекти. Пукнатини во земјоделско земјиште.

Прочитајте и...  Укината забраната за камиони на патот Маврово – Дебар и на Стража

30 ноември 1967 година
Либражд-Дебар, земјотрес од 6,6 степени. Голема штета на 13 локалитети и 177 села. Заедно со Македонија погодена од земјотресот, се пријавени 6.336 уништени згради. Се известува за 12 мртви и 174 повредени.

15 април 1976 година
Земјотрес со јачина од 8 степени го погоди Скадар, предизвикувајќи жртви и големи штети. За жал, 40 лица го загубија животот во Скадар-Лежа. Оштетени се 17.118 куќи и општествено-културни објекти.

9 јануари 1988 година
Чести земјотреси во Тирана со материјална штета. Главните последици во селата Арбана и Петрела.

Balkanweb

Прочитај повеќе

Министрите за здравство на земјите од ЕУ на состанок во Брисел за коронавирусот

Слободен печат

Американски Апелациски суд ја блокира програмата на Трамп за мигрантите

Слободен печат

Заев му подари на Мицкоски значка со НАТО, Мицкоски нему празен „Луј Витон“ паричник

Слободен печат

Заев откри дека ќе биде носител на изборната листа во четворката

Слободен печат

Долгови или инвестиции, што дебатираа Заев и Мицкоски за економијата

Слободен печат

Трамп потврди: Ќе потпишеме договор со талибанците во Авганистан

Слободен печат

Остави Коментар

Прочитај повеќе

Заев ги покажа договорите од Мицкоски како директор на ЕЛЕМ: Иста услуга еднаш 1,6 милиони, после 8 милиони евра

Слободен печат

Судир на автобус и воз во Пакистан, најмалку 14 загинати

МИА Агенција

Падна хеликоптер во Русија, се верува дека има загинати

Слободен печат

Мицкоски ги отфрли обвинувањата дека лобирал Македонија да не добие датум за преговори со ЕУ

Слободен печат

Заплената на пет тони кокаин во Венецуела се поврзува со кокаинот лоциран во Македонија

Слободен печат

Иран: Американската понуда за помош е смешна

МИА Агенција