Најголемото нафтено поле во Кина произведува 40 милиони тони нафта
Најголемото кинеско нафтено поле на отворено море, Бохаи, постигна рекордно производство од над 40 милиони тони нафта во 2025 година, објави денес Кинеската национална корпорација за нафтени производи на отворено море (CNOOC).
Препорачано
Според корпорацијата, рекордното производство на ова водечко нафтено поле во земјата ќе обезбеди солидна поддршка за енергетската безбедност, како и висококвалитетен економски и социјален развој, објави Синхуа. Полето Бохаи, кое моментално се состои од повеќе од 60 нафтени и гасни полиња, постигна кумулативно производство на сурова нафта од над 600 милиони тони. Во текот на изминатите пет години, производството се зголеми за 5 проценти годишно, соопшти CNOOC.
Според корпорацијата, полето Бохаи исто така напредува во дигиталната и зелената трансформација, а постигнат е извонреден напредок во развојот на клучна опрема, пренесува Танјуг. Во исто време, над 80 проценти од нафтените полиња во полето Бохаи се поврзани со копнени извори на енергија, објави кинеската агенција.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
3час
-
3час
-
4час
-
4час
-
4час
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5


