Најголемите лаги поврзани со сексот, мажот е секогаш подготвен за сексуални односи, а сексуалниот живот на жената завршува со менопаузата?!

pixabay

Како настанале овие невистини? Најчесто станува збор за незнаење, но и предрасуди.

Во продолжение на текстот дознајте за какви лаги се работи. Ве предупредуваме дека ги има многу.

  1. За сексуалниот однос да се каже дека е добар, двајцата партнери треба да го достигнат врвот. Апсолутно неточно. Сексот може да биде подеднакво забавен и без оргазам.

2. Сексуалниот однос е комплетен само тогаш кога жената и мажот ќе доживеат истовремено оргазам.

3. Симултаните оргазми носат многу повеќе задоволство од оние кои ги доживуваме посебно.

4. Жената не мора да ги задоволи своите сексуални потреби, како што мора мажот. Недостаток на секс подеднакво исто влијае на обата пола и носи низа негативни последици.

5. Доколку жената не ужива во сексот за тоа е крив мажот. Може да биде случај, но секако тоа не зависи само од мажот туку и од самата жена, од нејзината сексуална зрелост и самодоверба.

6. Неколку чаши алкохол прават сексуалната желба да се зголеми и мажот и жената подобро да се поврзат на сексуален план. Тотална лага. Единствено алкохолот што прави е донекаде да не ослободи од инхибицијата, а со тоа да се почувствуваме повеќе опуштени, но самиот алкохол нема врска со нивото на сексуалната желба.

7. Сексуалниот живот на жената завршува со менопауза. Фала богу дека ова тврдење е комплетна невистина.

8. Само мажите мастурбираат.

9. Сексуалната желба и потенцијал опаѓаат почнувајќи од 40-та или 50-та година од животот.

10. Maстурбацијата е знак на незадоволство на сексуалниот живот со партнерот. Истражувањето на сопственото тело нема никаква врска со задоволството во врската.

11. Ако на жената и се отстранат јајниците и матката, таа ќе загуби желба за секс. За среќа, желбата за секс не престанува после отстранување на репродуктивните органи.

12. Oтсуството на химен укажува на тоа дека жената не е невина. Кај некои жени хименот е исклучително еластичен и тој може да опстане и после бројни сексуални односи.

13. Maстурбацијата го намалува сексуалниот потенцијал.

14. Импотенцијата е природна појава кај постарите мажи и таа не може да се излечи.

15. Мажот е секогаш подготвен за сексуални односи. Погубно е да се имаат вакви очекувања кон мажот. Како и кај жените, и кај мажите, сексуалната желба зависи од чувствата и моменталната состојба на духот.

16. Ако мажот не се возбуди во текот на предиграта, тогаш има физички проблем, односно импотентен е. Речиси дека не постои маж кој некогаш не успеал да се возбуди, а тоа секако не мора да има врска со импотенцијата.

17. Oргазмот и ејакулацијата се иста работа.

18. Во хомосексуалните врски еден од партнерите има улога на жена, а другиот на маж. Ова е една од најзастапените предрасуди, значи, потполна лага.

19. Хомосексуалците се опседнати со секс во многу поголема мера од хетеросексуалците. Желбата за секс нема никаква врска со сексуалната ориентација.

20.  Честата мастурбација води до хомосексуалност. Нема никакви негативни последици од мастурбирањето, а особено не може да доведе до промена на сексуалната ориентација.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот