Најдобрите 11 фудбалери кои нема да играат на Европското првенство

Фото: EPA-EFE/Terje Pedersen

Францускиот весник „Л`Екип“ објави состав од 11 најдобри играчи кои нема да бидат дел од претстојниот континентален собир кој официјално ќе стартува за три дена.

На овој список се наоѓаат и фудбалери чии репрезентации не обезбедија пласман на Европското првенство, како и оние, во поголем број, кои ќе го пропуштат истото поради повреда.

Еве како изгледа составот, на голманската позиција е Јан Облак (Словенија), потоа во одбраната се Трент Александер Арнолд (Англија), Серхио Рамос (Шпанија), Вирџил ван Дајк (Холандија) и Тер Ернандез (Франција).

Потоа, во средниот ред се Доминик Шобошлај (Унгарија), Едуард Камавинга (Франција), Сергеј Милинковиќ-Савиќ (Србија) и Марко Ројс (Германија), а напаѓачи се Златан Ибрахимовиќ (Шведска) и Ерлинг Халанд (Норвешка).

Првиот натпревар на ЕП е на 11 јуни кога Италија на „Олимпико“ стадионот во Рим ќе се соочи со Турција во рамките од групата „А“ со почеток од 21.00 часот.

Шпанците во карантин, селекторот Енрике прави „паралелен меур“

Руни има свој фаворит на Евро 2020, а тоа не е Англија: Тие се без конкуренција

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот