Руни има свој фаворит на Евро 2020, а тоа не е Англија: Тие се без конкуренција

фото: EPA-EFE/Aleksandra Szmigiel

Поранешниот капитен на англиската репрезентација, Вејн Руни, нема дилеми околу главниот фаворит на претстојното ЕП на кое за прв пат ќе учествува и Македонија.
Франција е без конкуренција најголем фаворит за триумф. Тие се најдобри и индивидуално и како тим. Мбапе, Канте, Бензема, Гризман, Погба, Варан, Лорис…. да се смрзнете кога ќе ги прочитате тие имиња. На тоа доколку додадете дека се актуелни светски шампиони, јасно ви е дека тешко може да ги загрозите – вели Руни.

Франција се наоѓа во групата Д која веднаш го доби епитетот на „група на смртта“ бидејќи во неа се наоѓаат дури три селекции кои биле европски шампиони. Покрај Франција, тука се и Германија како и бранителот на трофејот Португалија, додека вистински аутсајдер е Унгарија.

– Имаат толку многу ѕбезди и никој не размислува на начин „“јас мора да се прославам“. Силни се како тим и тоа е заслуга на селекторот Дидие Дешан. Од оваа перспектива не гледам екипа која може да ги победи – додава Руни.

Според менаџерот на Дерби Каунти, селекцијата на Англија е во вториот круг на фаворити.
– Англија има одличен тим, ние во рангот на Португалија и Белгија. Можеме далеку да стигнеме, но повторувам дека најголеми шанси има Франција.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот