Најдобрата Црвена звезда сезонава во Евролигата! (ВИДЕО)

фото: euroleague.net

Со овој триумф белградските „црвено-бели“ остануваат во трката за плеј-оф, со две победи помалку од осмопласираниот Фенербахче…

Кошаркарите на Црвена звезда во „Штарк арената“ ја совладаа екипата на Макаби со 92:76 во рамките од 28. коло во Евролигата.

Српскиот гигант ја одигра можеби најдобрата партија сезонава во Евролигата и му се реваншираше на Макаби ФОКС Тел Авив за поразот во Израел.


Околу 7.000 илјади гледачи во Белград уживаа во одлична кошаркарска претстава, беше прекината серијата од четири порази по ред за моментно 14. позиција во генералниот пласман (11-17), додека Макаби е петтопласиран (19-9).

Најефикасен кај „црвено-белите“ беа Берон и Пантер со по 22 поени, а на спротивната страна се истакнаа Дорси со 19 поени и Вилбекин со 11. Со овој триумф Црвена звезда останува во трката за плеј-оф, со две победи помалку од осмопласираниот Фенербахче.

Претходно Химки со 82:68 убедливо дома славеше над Фенербахче, а Анадолу Ефес со 91:79 беше подобар од Олимпијакос.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот