Најблиските се простија од д-р Трајче Нешковски: Имаше големо срце, беше научен да се бори (ВИДЕО)

Kомеморативна седница се одржа денеска во Гостивар на која му се оддаде почит на д-р Трајче Нешковски (32), кој почина пред три дена, откако добил срцев удар, по што изгубил контрола на возилото и со него удрил во дрво.

Трајче имаше големо срце. Тој беше голем борец, отпораш, револуционер и слободар, напиша на Фејсбук градоначалникот на Карпош, Стефан Богоев, откако денеска во Скопје беше отворена книга на жалост, по повод трагичната смрт на д-р Трајче Нешковски, во која последните зборови, со солзи во очи, ги пишаа неговите сопартијци од Социјалдемократскиот сојуз. 

-Имав среќа да ми биде најблизок соработник во многу тешки и ризични времиња. Но, за него зборовите ризик и страв не постоеја. Цело време беше научен да се бори. За државата, за слободата, за младите, а последниве месеци се бореше за да спаси човечки животи- напиша на фејсбук Богоев.

На видеото кое стана вирално на социјалните мрежи може да се забележи владина делегација која се збогуваше од д-р Трајче Нешковски.

-Трајче, секогаш ќе се водиме по твоите идеали. Човек може да умре, но идеја и херој никогаш- напиша Богоев на Фејсбук.

Трајче имаше големо срце. Тој беше голем борец, отпораш, револуционер и слободар!Имав среќа да ми биде најблизок…

Publiée par Stefan Bogoev sur Samedi 17 octobre 2020

На видеото кое стана вирално на социјалните мрежи може да се забележи владина делегација која се збогуваше од д-р Трајче Нешковски.

На седницата, покрај неговото семејство, присуствуваа и многу негови сопартијци од СДСМ, каде лекарот во минатото беше секретар на СДММ. Во негова чест, летниот камп на СДММ кој се одржува секоја година ќе го носи неговото име, Трајче Нешковски, потврдија од СДСМ.

Нешковски почина на 32 годишна возраст. Тој ја водеше ковид-единицата во детската болница Козле. Веднаш по страотната сообраќајка со амбулантно возило тој бил пренесен во клиничкиот центар „Мајка Тереза“, каде и починал.

Пулмологот Нешковски зад себе остави двегодишна ќеркичка.

Говор на омраза на социјалните мрежи по повод трагичната смрт на д-р Трајче Нешковски

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот