Најава за операција „метла“ во армијата на САД: Лојд Остин најави чистка за расисти и екстремисти

Фото: EPA-EFE/Greg Nash / POOL

Номинираниот секретар за одбрана на САД, Лојд Остин најави дека ќе работи на прочистување на американската војска од расисти и од екстремисти, доколку биде потврдена неговата кандидатура за министерско место.

– Ако ја одобрат мојата кандидатура, ќе работам напорно да ставам крај на сексуалните напади, да ја прочистам армијата од расисти и од екстремисти и да создадам клима во која секоја подготвена личност има можност да и служи на нашата земја на достоинствен начин, изјави Остин за време на сослушувањето во Сенатот во Конгресот на САД за неговата кандидатура за секретар за одбрана.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот