Најактуелната борба во овој период – Еве како да ја спречете појавата на целулит

Борбата со целулитот е најактуелна во пролетните и во летните месеци. Тогаш целулитот што се „таложел“ во зимските месеци кога се јаде калорична храна доаѓа до израз, па голем број жени се обидуваат на различни начини да го решат овој естетски проблем.

Затоа е важно да се знае дека, за да се намали целулитот, но се разбира и да се спречи дополнително „таложење“, важно е да се пие многу вода. Водата ја подобрува размената на материите, а со тоа ги отстранува токсините.

Сепак, ако водата го намалува целулитот, кафето како втор напиток што многу често се консумира, помага во акумулирањето на маснотиите под кожата, а со тоа и до појава на целулит. Токму поради тоа избегнувајте да пиете кафе, особено она во чиј состав има млеко.

Покрај пијалаците, за да се спречи појава на целулит, треба да внимавате и што јадете. Затоа, за да имате добри резултати, намалете го внесувањето храна богата со заситени маснотии и протеини од животинско потекло, а секогаш кога сте во можност, јадете риба или пилешко. Од друга страна, пак, зголемете го дневното внесување овошје и зеленчук, а простите јаглени хидрати заменете ги со сложени.

Освен тоа што превентивно дејствува против појавува на целулит, оваа исхрана е добра за целиот организам.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот