Доделување на награди од ЗНМ за најдобат текст - Фото Слободен печат - Методи Здравев
Доделување на награди од ЗНМ за најдобат текст - Фото Слободен печат - Методи Здравев

Наградени новинарите кои истражуваа за загадувањето на воздухот

Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ), во соработка со Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) со поддршка од Шведска, денеска ги додели наградите за најдобри новинарски стории за 2025 година на тема „Справување со загадувањето на воздухот – јакнење на јавната свест за проблемите и можните решенија“.

Првата награда отиде кај Михаил Милошевски за сторијата „Уште пет града дознаа што им го загадува воздухот, што ќе преземат градоначалниците“, објавена на 360 Степени.

„Станува збор за сеопфатна видео-сторија која вклучува релевантни соговорници од институции, локални власти, експерти, граѓански организации и граѓани. Истражувањето опфаќа едногодишно земање мостри и мерења, при што се утврдуваат конкретните извори на загадување во повеќе града во државата. Според комисијата, сторијата е изработена согласно највисоките професионални стандарди и нуди јасен увид во проблемот, но и можни насоки за негово надминување“, соопштија од ЗНМ.

Доделување на награди од ЗНМ за најдобат текст - Фото Слободен печат - Методи Здравев
Михаил Милошевски,  фото Слободен печат – Методи Здравев

Второнаграден е Бојан Блажевски од Призма за сторијата „Властите виновни за занемарувањето на македонската депонија со фосфогипс“.

„Комисијата оцени дека оваа истражувачка сторија нуди темелна анализа, богата документација и визуелизации, со што придонесува за продлабочување на јавната дебата и отчетност на институциите“, рекоа од ЗНМ.

Доделување на награди од ЗНМ за најдобат текст - Фото Слободен печат - Методи Здравев
Бојан Блажевски, фото Слободен печат – Методи Здравев

Трета награда му се додели на Владимир Калински од Радио Слободна Европа за сторијата „Секој здив боли“, која преку лична приказна ја прикажува човечката димензија на аерозагадувањето и неговото влијание врз здравјето на граѓаните.

„Станува збор за силен и професионално изработен текст кој ја доближува темата до јавноста преку емотивен, но аргументиран пристап“, оценува жири-комисијата.

Доделување на награди од ЗНМ за најдобат текст - Фото Слободен печат - Методи Здравев
Владимир Калински, фото Слободен печат – Методи Здравев

Дополнително, доделено беше посебно признание на Орце Костов од Фокус за сторијата „Ниедна мерка не дава резултат, скопјани дишат најотровен воздух во Европа“, како поттик за понатамошна работа на теми од областа на животната средина и истражувачко новинарство.

Доделување на награди од ЗНМ за најдобат текст - Фото Слободен печат - Методи Здравев
Орце Костов, фото Слободен печат – Методи Здравев

Претседателот на ЗНМ, Младен Чадиковски ја нагласи улогата на новинарите во кревањето на јавната свест и моќта на медиумите да поттикнат институционална одговорност и општествени промени.

„Со темелна анализа и посветена работа, новинарите можат да ги хуманизираат последиците од загадувањето и да покажат како тоа влијае врз семејствата, децата и ранливите категории. Кога приказната ќе добие човечко лице, станува повик на акција”, истакна Чадиковски.

Доделување на награди од ЗНМ за најдобат текст - Фото Слободен печат - Методи Здравев
Младен Чадиковски, фото Слободен печат – Методи Здравев

Амбасадорот на Кралството Шведска, Ола Сулстром, се осврна на значењето на поддршката на слободното и професионално новинарство како клучен столб на демократските процеси и одржливи политики за заштита на животната средина.

На јавниот конкурс пристигнаа вкупно 20 новинарски стории, а комисијата беше составена од новинарите Соња Петрушевска, Един Растодер и Горан Момировски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот