Наградата за животно дело „Анче Џамбазова“ му припадна на Ѓокица Лукаревски

Ѓокица Лукаревски, доајенот на македонското глумиште, препознатлив актер од голем број претстави, ТВ-драми, ТВ-емисии, радиоемисијата „Хихирику“ како и од филмови, е годинашен добитник на наградата за животно дело „Анче Џамбазова“ која се доделува на Фестивалот на комедија Гола месечина, што го организираат Театар Комедија и Општина Аеродром.

На втората фестивалска вечер Лукаревски играше во претставата „Партија реми“ во режија на Виолета Џолева, претстава со којашто во 2018 Ѓокица Лукаревски одбележа 40 години играње на сцена во Драмски театар и замина во пензија.

„Лукаревски е познат по бројните улоги во филмови, театарски претстави и телевизиски екранизации. Со својата длабоко доживувана актерска интерпретација, Лукаревски посебно се истакнува во неколку претстави, каде што толкува главни и споредни улоги, а познат е и по улогите во ‘Пресуда’, ‘Македонски народни приказни’, ‘Хихирику’“, велат од Театар Комедија.

Овогодишниот добитник на Наградата за животно дело „Анче Џамбазова“ е доајенот на Драмски и на македонското глумиште,…

Publiée par NU Teatar Komedija sur Samedi 3 octobre 2020

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот