Нагорно Карабах веќе го напуштиле над 100.000 Ерменци

Нагорно Карабах / Фото: Tofik BABAYEV / AFP / Profimedia

Високиот комесар на ОН за бегалци, Филипо Гранди, изјави дека за една недела над 100.000 етнички Ерменци од Нагорно Карабах како бегалци веќе пристигнаа во Ерменија, пренесуават британските медиуми.

„Многумина се гладни, исцрпени и им е потребна итна помош“, нагласи тој на социјалните мрежи.

„Високиот комесаријат за бегалци на Обединетите нации (УНХЦР) и другите хуманитарни партнери ја зголемуваат својата поддршка за ерменските власти, но итно е потребна меѓународна помош“, додаде Гранди.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот