Надежите ремизираа, Гроздановски ни донесе бод против Украина

Младата У21 репрезентација одигра нерешено 1:1 против Украина/ фото: ФФМ

Денеска во петтиот натпревар од квалификациите за пласман на Европското првенство македонската репрезентација за играчи до 21 година на домашен терен одигра нерешено 1:1 против Украина.

За избраниците на селекторот Драги Канатларовски ова е веќе трето реми во квалификациската група „Х“ каде што остануваме третопласирани.

На ФФМ Тренинг центарот во Скопје гостите водеа од 43 минута после корнер кој го изведе Мудрик, највисоко скокна Сирота и со глава ја испрати топката во мрежата на Денковски кој згреши и во својата проценка во обидот да ја боксува топката.

Израмнивме во 58 минута кога противничката одбрана не беше внимателна, Гроздановски ја украде топката и во соло акција излезе како победник во дуелот со Трубин.

Гостите можеа во самиот финиш од средбата да си заминат со трите бода, но за наша среќа Бондаренко ја погоди пречката во 92 минута, а непосредно пред таа опасност, Шеји се обиде да направи целосен пресврт на нашата селекција, но неговиот удар го одбрани украинскиот голман.

Македонија У21: Денковски, Антовски (Воша 72`), Младеновски, Манев, Хајдари, Шеји, Фазлагиќ, Адем (Тодоровски 90+5`), Рустемоски (Станковски 54`), Ѓорѓиевски (Илиевски 53`), Гроздановски (Рамадани 72`).

Следниот меч нашите фудбалски надежи ќе го имаат за три дена, на 14 ноември на Националната арена „Тодор Проески“ се домаќини на Франција (18.30 часот).

Квалификации ЕП

У21
Група „Х“

Македонија – Украина 1:1
20.45 Франција – Ерменија

Утре
18.00 часот Србија – Фарски Острови

Табела:

1. Франција 10 бодови
2. Украина 10
3. Македонија 6
4. Фарски Острови 5
5. Србија 4
6. Ерменија 3

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот