Надежите разочараа во Скопје, пораз и од Фарски Острови
Денеска во својот осми натпревар од квалификациите за Европското првенство 2023 година (Романија/Грузија) македонската У21 репрезентација загуби на Националната арена „Тодор Проески“ од Фарски Острови со 1:0.
Препорачано
Избраниците на селекторот Драги Канатларовски после поразот Србија (2:1), се очекуваше да го поправат впечатокот на домашен терен, но тоа не се случи.
Нашите фудбалски надежи го претрпе и четвртиот пораз во овој квалификациски циклус, противникот дојде до трите бода со голот на Радосављевиќ од пенал во 52 минута.
За У21 Македонија играа: Денковски, Антовски, Крстевски, Младеновски, Хајдари, Тодоровски (Гроздановски 62`), Фазлагиќ (Златков 86`), Димоски (Максимов 70`), Рустемоски (Станковски 63`), Воша и Илиевски (Ѓорѓиевски 62`).
Ова е веќе трет пораз во низа за Македонија, моментно е претпоследнопласирана на петтата позиција со шест бодови, води Франција со 19, пред Украина (13), Србија (11), Фарски Острови (9), а зад нас е само Ерменија (3).
За нашата селекција до крајот на овие неуспешни квалификации остануваат уште два меча, на 2 јуни дома против Ерменија и пет дена подоцна на гости кај Украина.


