Надал: Посакувам да немам ритуали, но тие ми помагаат да се концентрирам!

Еден од најдобрите тенисери на светот, Рафаел Надал/Фото: EPA-EFE/CATI CLADERA/DEAN LEWINS

Рафаел Надал, освојувачот на титулата на „Австралија опен“ разговараше со директорот на клиниката Мелхор Алварез, како и со уште неколку експерти од областа на медицината.

Шпанскиот тенисер дека „не е неуспех кога некој се труди да ги постигне своите цели“, без разлика на резултатите.

– Не ми се допаѓа зборот неуспех, тоа значи дека некој не се труди. Исто така не верувам дека тренинзите даваат подобра игра. Има моменти кога некој треба да доживее мир и среќа во натпреварувањето и се соочи со било што на неговиот пат. Клучот за да продолжам да играм тенис е тоа што ги третирам успехот и неуспехот нормално, на сличен начин. Спортистите се обични, нормални луѓе. Имате утра кога е тешко да станете и да одите на работа. Луѓето кои успеваат се оние кои имаат континуитет на резултатите и оние кои ги имаат потребните навики – рече Надал.

Свесен е дека е невозможно секогаш да се игра на исто ниво. Воедно призна дека во текот на кариерата имал проблеми со прехранбените навики, а зборуваше и за неговите познати ритуали.

– Како што одминува времето, мора полека да ги регулирате работите со исхраната, а тоа беше одреден напор. Исто така, секој треба да си најде начин да се концентрира. Нема апсолутна формула. Така кажува некој кој има многу ритуали. Посакувам да ги немам, тоа не го кријам, но тенисот е толку ментално агресивен спорт што сè надвор лесно може да ти го одвлече вниманието. Го правам тоа и можеби не разбирам зошто, но делува и ми помага да се концентрирам додека се натпреварувам. Посигурен сум во себе – се зборовите на Рафа.

Ѓоковиќ се наоѓа меѓу имињата пријавени за настап на турнир на кој е задолжителна вакцинација

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот