Ѓоковиќ се наоѓа меѓу имињата пријавени за настап на турнир на кој е задолжителна вакцинација

Новак Ѓоковиќ / фото: EPA-EFE/SCOTT BARBOUR

Првиот тенисер на АТП ранг-листата Новак Ѓоковиќ се наоѓа на премилинарната листа на учесници за настап на турнирот од серијата Мастерс 1000 во Индијан Велс.

Покрај Ѓоковиќ, пријавени се и останатите тенисери од врвот на ранг листата, Данил Медведев, Рафаел Надал, Александер Зверев, Стефанос Циципас…. Оваа информација ја објави тенискиот новинар Михал Самулски.

Органзаторот на турнирот во Индијан Велс, донесе одлука право за настап да имаат само тенисерите кои се вакцинирани против коронавирус. Исто така за влез во САД е задолжителна вакцинацијата, но постојат одредени медицински исклучоци кои овозможуваат влез во земјата и без вакцина.

Пријавувањето на прелиминарната листа на учесници, не значи дека тенисерите сигурно ќе настапат на турнирот кој треба да се игра од 7. до 20. март во Калифорнија, САД.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот