Надал лесно до третото коло на „Ролан Гарос“

Рафаел Надал запиша нова победа на „Ролан Гарос“/Париз, Франција/25 мај 2022/Фото: EPA-EFE/MARTIN DIVISEK

Петтиот тенисер во светот Рафаел Надал се пласираше во третото коло на „Ролан Гарос“ во Париз (Франција), откако во Париз го совлада домашниот тенисер Корентан Муте со 6:3, 6:1, 6:4.

Рекордерот по број на титули на овој Грен слем (13), победата ја забележа за два часа и девет минути.

Шпанецот четири пати му го одзема сервисот на противникот во првите два сета, додека ривалот ниту еднаш не направи брејк.

Третиот сет со брејк го отвори 39 играч на АТП листата. Надал израмни во четвртиот гем, а до брејк предност дојде во осмиот гем.

Во следниот гем Надал сервираше за победа, но вториот брејк во мечот го направи Муте. Но, и во следниот гем беше забележан брејк кој на Надал му обезбеди пласман во третото коло.

Во третото коло Надал ќе игра против Холанѓанецот, Ботик ван де Зандшулп (29 тенисер во светот).

„Ролан Гарос“: Ѓоковиќ рутински против новиот „ученик“ на Вајда

Во третото коло се пласираше и Американецот Себастијан Корда, кој по три сета (7:6, 6:3, 6:3) беше подобар од домашниот играч Ришар Гаске.

Корда во следната фаза игра против шестиот тенисер во светот, Шпанецот Карлос Алкараз.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот