Над седум милиони вработени на скратено работно време: Овој број во Германија никогаш не бил поголем!
За време на корона кризата, германските компании најавија дека ќе воведат скратено работно време за 10,1 милион работници.
Германија во мај годинава регистрираше 7,3 милиони работници кои своите работни задачи ги извршувале со скратено работно време. Ваквите информации доаѓаат од економскиот институт „IFO“.
Препорачано
– Овој број никогаш не бил поголем. За време на глобалната финансиска криза, бројот на работници со скратено работно време својот максимум го достигна во мај 2009 година и тогаш изнесуваше 1,5 милиони работници, вели експертот за пазарот на труд Себастијан Линк.
За време на корона кризата, германските компании најавија дека ќе воведат скратено работно време за 10,1 милион работници, а според податоците на „IFO“, тиа навистина ваквата мерка ја примениле во 71,6 отсто од случаите во однос на наведениот број.
Во секторот услуги, 2,4 милиони Германци во мај работеле под овие околности, што пак претставува 24,5 проценти од работната сила во овој сектор. Во производство, бројот на вработени кои работеле со скратено работно време изнесува 2,2 милиони или 31 отсто од вкупната работна сила во овој сектор, а во трговија 1,3 милиони или 29,7 отсто. Овај процент е најнизок во секторот градежништво каде 163 илјади лица или 4,1 отсто имале скратено работно време.


