Фото: Монтажа / МНР

Над 400 македонски граѓани бараат помош за евакуација од Блискиот Исток

Во однос на македонските државјани во ОАЕ и Катар, надлежните информираат дека во овој момент не постојат сигурни услови за нивно извлекување. За луѓето кои се во Израел, се разгледуваат алтернативни опции и се прават координации за нивна евакуација.

Повеќе од 400 македонски државјани побарале информации за евакуација од Блискиот Исток поради заострувањето на конфликтот меѓу САД, Израел и Иран, информира Министерството за надворешни работи.

Во моментов се подготвува план за безбедно извлекување на граѓаните кои се наоѓаат во Иран, додека за оние во Обединетите Арапски Емирати и Катар засега нема услови за организирана евакуација.

Од МНР соопштија дека, според податоците од дипломатско-конзуларните претставништва, од повеќе од 400 луѓе коишто се распрашале за можностите за напуштање на регионот, околу 30 изразиле подготвеност веднаш да ја напуштат земјата штом се создадат услови.

Претседателката Сиљановска Давкова: Македонија е безбедна

Со пријавените граѓани се одржува постојана комуникација, а институциите преземаат подготвителни чекори за евентуална асистенција и за нивно безбедно извлекување, во зависност од безбедносната состојба. Дипломатските претставништва паралелно ги координираат активностите со пријателски држави и со меѓународни партнери за организирање евентуална евакуација.

Во однос на македонските државјани во ОАЕ и Катар, надлежните информираат дека во овој момент не постојат сигурни услови за нивно извлекување. За луѓето кои се во Израел, се разгледуваат алтернативни опции и се прават координации за нивна евакуација.

Министерството останува достапно преку дежурниот телефон и преку дипломатско-конзуларните претставништва и повторно апелира граѓаните во регионот строго да ги следат препораките на локалните безбедносни власти.

Контакт телефони за помош:

СОС – МНР: 075/273-732
Амбасада во Доха: +974 50 173 111
Амбасада во Абу Даби: +971 56 441 7532
Амбасада во Тел Авив: +972 54 500 8566 и +972 54 967 0546

Шефот на НАТО доаѓа во Македонија

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот