Знаме на Косово
Знаме на Косово / Фото: EPA-EFE/PETRIT PRENAJ

Над 150.000 предмети во фиоките на судовите во Косово!

Правниците од Косово оценуваат дека имаат добри односи со судовите, бидејќи, тврдат, се транспарентни. Имаат поплаки за враќање на предметите на повторно судење, па според нив има над 150.000 предмети кои останале во фиоките на судиите, а враќањето на предметите само ја влошува оваа состојба.

Тие наведуваат и дека во Косово има адвокати со завршено високо образование, кои можат да се јавуваат пред меѓународните судови за различни предмети.

Адвокатот Ил Зека рече дека судскиот систем со сегашниот состав секојдневно значително се подобрува, бидејќи, според него, се активирал Судскиот совет за подобрување на состојбите во правосудниот систем. Зека рече дека косовските адвокати имаат висока професионална квалификација да се занимаваат со различни предмети, анализира косовски Зери, пренесува агенцијата Коссев.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот