Над 100 пати прекршен финансискиот фер плеј – на Манчестер сити ќе му се одземат бодови?!

фото: EPA-EFE/PETER POWELL

Манчестер сити може да биде казнет со одземање бодови во Премиер лигата. Не само што „граѓаните“ се во хаос по поразот од Тотенхем, и се оддалечија од титулата и ги расипа односите меѓу Пеп Гвардиола и Ерлинг Холанд, туку беа обвинети дека направиле над 100 прекршувања на финансискиот фер-плеј.

Според „Дејли Мејл“, ова официјално го покажа четиригодишната истрага на Премиер лигата за финансиското работење на Манчестер сити, а се однесува на девет сезони почнувајќи од сезоната 2009/10, односно откако беа во сопственост на шеикот Мансур бин Зајед од Емирати.

Поради таквите прекршоци на клубот му се заканува одземање на бодови, но засега нема официјална пресуда против нив, ќе се одлучува каква казна ги чека во Премиер лигата.

Истрагата против Сити беше отворена во март 2019 година, кога германскиот весник „Шпигел“ пишуваше за „неисправниот“ бизнис на клубот од Манчестер. Тогаш реагираше УЕФА и го казни Сити поради „средување на книгите меѓу 2012 и 2016 година“ преку спонзори, па беа исфрлени од Лигата на шампионите на две години.

Но, тоа беше само привремено, Спортскиот арбитражен суд ја укина оваа одлука и Сити беше вратен во Лигата на шампионите, а казната им беше намалена од 30 на 10 милиони евра.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот