На угледот на британската монархија му се заканува криза: Треба да бидат повнимателни со реакциите

Кралското семејство / Фото: EPA-EFE/STR UK AND IRELAND OUT SHUTTERSTOCK OUT

Британското кралско семејство остави лош впечаток кај јавноста со пристапот кон смртта на принцезата Дајана пред 25 години, што доведе до постепена и главно успешна промена во управувањето со нејзиниот јавен имиџ, но неодамнешните кризи повторно ја доведуваат во прашање таа модернизација.

Смртта на принцезата од Велс на 31 август 1997 година беше голема национална жалост, која првично го зафати врвот на кралското семејство, вклучително и кралицата Елизабета Втора и нејзиниот син принцот Чарлс. На крајот, тие признаа дека имало грешки и дека семејството морало да ја сврти страницата по децениските разводи, семејни караници и скандали кои им го уништиле угледот во јавноста.

epa-efe
Принцот Чарлс и принцезата Дајана / Фото: EPA/LASZLO VARGA HUNGARY OUT

Четврт век подоцна, монархијата има многу подобар ПР, присутна е на социјалните мрежи и способна брзо да реагира, а исто така успева самоуверено да организира големи настани како што се платинските јубилејни прослави во јуни.

Но, неодамнешните контроверзи, особено врската на принцот Ендру со озогласениот Џефри Епстајн и заминувањето на принцот Хари од семејството со неговата сопруга Меган Маркл, ја доведуваат во прашање трансформацијата на монархијата.

„Смртта на Дајана беше тој ненадеен пресврт што ја натера монархијата да го промени својот имиџ во јавноста, да прифати помодерна, експресивна слика во стилот на „славните“ со цел да ја привлече јавноста“, рече историчарот на кралското семејство Ед Овенс за „АФП“. „Сега гледаат опасност во отуѓувањето на Хари, пристапот на кралицата на скандалот во кој беше вмепан Ендрју како и претстојното владеење на принцот Чарлс. Мислам дека претстојат турбулентни времиња“, додаде Овенс.

Profimedia
Фото: Профимедиа

По смртта на принцезата Дајана, кралицата и Чарлс останале со денови во замокот Балморал, нивната пооддалечена резиденција во Шкотска, без да дадат никакви јавни изјави. Покрај другите пропусти, под влијание на медиумите се прошири мислењето дека семејството не разбира колку тој момент ѝ е важен на целата нација.

Кралските коментатори не се согласуваат за тоа колку била праведна критиката, забележувајќи дека приоритет на семејството бил да им се помогне на Вилијам и Хари, кои ненадејно ја изгубиле својата мајка, и да организираат детален погреб. Но, односот на Бакингемската палата кон медиумите постепено се промени и беше ангажиран поискусен ПР тим.

кралица елизабета
Кралицата Елизабета Втора и принцот Чарлс / Фото: EPA-EFE/STR

Роберт Хардман, автор на книгата „Кралицата на нашето време: Животот на Елизабета Втора“ објавена оваа година, тврди дека тоа била постепена „еволуција“.

„Монархијата не е како некој бренд на житарки, не е препакувана. Се менува полека, незабележливо, но решително. Во тие години навистина се чувствуваше дека работите мора да се сменат. Но, не можете ни одеднаш да уништите сè“, вели Хардман.

Кралицата, за која се сметаше дека повеќе се грижи за своите кучиња и коњи отколку за своите поданици, на тој начин добила „похуман“ имиџ. Чарлс, кој беше исмејуван затоа што е надуен и вкочанет, исто така претрпе „преуредување“. Вилијам и Хари беа клучни во ова, станувајќи, како Дајана, „чувствителни принцови“ на кои им помага нивниот татко, рече Овенс.

„Неговиот имиџ беше многу внимателно рехабилитиран околу идејата дека тој е грижлив татко на два сина погодени од трагедијата од смртта на нивната мајка“, додаде тој.

Фото: Профимедиа/Инстаграм

Хардман рече дека кралската палата денес наместо „да ја држи главата надолу и да чека да види како ќе се развиваат работите“ како порано, реагира брзо и одлучно на секој контроверзен настен. Тој се присети на нејзиниот паметен одговор минатата година дека „сеќавањата може да се разликуваат“ по шокантните тврдења на Меган и Хари дека таа и нејзиниот син Арчи биле изложени на расизам во рамки на кралското семејство.

Сепак, според другите членови на кралското семејство, заминувањето на двојката во Америка во 2020 година, наречено „Мегзит“, бара многу поголема контрола на штетата бидејќи Хари оставил „огромна празнина“ во таа институција, вели, Овенс.

„Меган исто така отелотвори некои доблести кои и Дајана сакаше да ги проектира, во смисла на емоции и контакти“, рече тој.

Принцот Хари и Меган Маркл
Принцот Хари и Меган Маркл / Фото: EPA-EFE/FACUNDO ARRIZABALAGA

Во исто време, реакцијата на кралицата на скандалот со Ендру, за кој се вели дека е нејзиниот омилен син, потсетува на грешките од ерата на Дајана. Овенс ова го смета за нејзина „голема грешка“ во последните децении.

Во февруари, Ендру го реши американскиот спор за сексуален напад со жртвата на Епстајн. Еден месец подоцна, кралицата беше жестоко критикувана затоа што му дозволи да ја придружува на комеморацијата во чест на нејзиниот покоен сопруг, принцот Филип.

„Дебаклот со Ендру сугерира дека кралицата можеби не ја научила многу добро лекцијата од доцните 1990-ти“, рече Овенс, додавајќи: „Требаше да биде повнимателна кон јавното мислење и да го држи Ендру на страна“.

кралица елизабета
Кралица Елизабета и принцот Ендру / Фото: EPA-EFE/NEIL HALL

Кралскиот историчар гледа многу слични „киксови“ пред владеењето на Чарлс, бидејќи тој беше вмешан во неколку скандали со собирање средства за неговите добротворни организации, како и долгогодишната загриженост за неговото мешање во политиката. За разлика од кралицата, на Чарлс му недостасува „суптилност“, па и таму има проблеми, вели Овенс.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот