На снимањето на последниот „Џејмс Бонд“, за „Кока-кола“ се потрошени неверојатни 65.000 евра

Profimedia
Фото: Profimedia

Познатите личности знаат да имаат многу необични побарувања, но на славниот британски актер не му требаше оваа огромна количина од најпопуларниот газиран пијалак во светот за освежување, туку за безбедноста на неговиот двојник на мотор.

Продуцентите на филмот „ No time to die“, 25-то продолжение на франшизата Џејмс Бонд, користеа скоро 32 000 литри Кока-Кола за да ја направат асфалтираната улица помалку лизгава заради снимањето на акробацијата на славниот таен агент.

Како што откри шефот на каскадери Ли Морисон, Даниел Крег смислил трик што ќе му овозможи на неговиот двојник, каскадерот Пол Едвардс со мотор да прескокне преку рампа висока 8 метри и да слета на улицата со калдрма. Филмската екипа потрошила скоро пет милиони денари на популарниот безалкохолен пијалак, кој оставил огромна леплива трага на калдрмата.

„Потрошив скоро 60.000 евра на кока-кола, а лименките прскаа уште долго на асфалтот“, рече Морисон, додавајќи дека безалкохолниот пијалак по сцената бил исчистен од улицата.

Филмот „No time to die“ треба да се појави во кината во април дури следната година, откако двапати беше одложуван поради пандемија на коронавирусот. Се верува и дека ова ќе биде последната улога на Крег како Џејмс Бонд.

Крег ја поздрави одлуката на „Варнер Брос“ премиерата повторно да биде одложена поради пандемијата на коронавирусот..

„Ова нешто е поголемо од сите нас. Само сакам луѓето да одат да го гледаат филмот на единствениот вистински и безбеден начин “, рече британскиот актер.

„Кино салите во моментов се затворени низ целиот свет. Сакаме да го објавиме филмот во целиот свет во исто време, а ова не е вистинското време. Така ги чуваме нашите 5 минути за да го направиме 2 април, наш ден “, рече Крег.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот