На Родос се удавија две сестри од Франција

Во хотелски базен во областа Лалисос на Родос се удавија две француски тинејџерки (16 и 19), соопштија властите и додадоа дека причините за несреќата засега се познати.

Веста за несреќата била добиена во средата околу 21 часот кога на базенот немало спасувачи, пренесе грчката новинска агенција АНА.

Телото на едната девојка е пронајдено како лебди на површината на водата, а другото било пронајдено на дното, а според пишувањата на локалните медиуми, едната настрадала обидувајќи се да ја спаси другата сестра.

Поради несреќата, локалниот обвинител побарал апсење на менаџерот на хотелот и спасувачите, кои би требало в петок да дадат изјава.

Во меѓувреме, грчкиот министер за туризам, Харис Теохарис, изјави дека Министерството ќе ја следи истрагата.

Девојките биле на Родос со уште една сестра.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот