На повидок бизарен скандал: Ски-скокачи си ги зголемувале гениталиите за подобри резултати?
На само неколку недели пред стартот на Зимските олимписки игри Милано–Кортина 2026, зимските спортови се најдоа во центарот на неверојатен и досега невиден скандал. Според тврдењата на британските медиуми, дел од елитните ски-скокачи наводно се обиделе да стекнат неспортска предност преку естетски интервенции на интимните делови.
Препорачано
Како што се наведува, станува збор за инјектирање хијалуронска киселина со цел вештачко зголемување на телесни димензии кои се земаат предвид при 3Д-скенирањето на опремата. Скандалот, кој веќе го доби прекарот „Пенисгејт“, предизвика шок и сериозна загриженост во светот на скијачките скокови, спорт во кој секој милиметар може да има клучно значење.
Опремата на натпреварувачите е под строга контрола, а поголемите телесни мерки овозможуваат носење поголемо одело, кое при летот создава подобар подигнувачки ефект. Според сомнежите, одредени спортисти се обиделе да ја искористат сивата зона во правилникот, менувајќи ја формата на мекото ткиво за да добијат поповолни резултати при мерењето.
Контроверзии од ваков тип не се новост во овој спорт. Меѓународната скијачка федерација (ФИС) веќе реагираше и најави ревизија на постојните мерни протоколи.
„Работиме на дополнително заострување на правилата. Станува збор за сложен и чувствителен проблем“, соопштија од ФИС.
Дел од ски-скокачите жестоко ги демантираа обвинувањата. Норвешката ѕвезда Халвор Егнер Гранеруд изјави дека станува збор за апсурдни тврдења и нагласи дека сите негови медицински прегледи се спроведени под строг стручен надзор.


