На половина од клупите на плоштадот „Македонија“ им фалат даски, никој не ги поправа

Секоја втора клупа на централниот скопски плоштад „Македонија“ е без даските за седење, откако крадци и вандали ги однеле, објави СДК.мк.

Клупите се оставени само со железните рамки, а иако некои од даските се извадени уште пред месеци, никој не ги поправа клупите.

Од Град Скопје не реагираат и не одговараат дали забележале дека им фалат даски на клупите и имаат намера да ги поправат, ниту пак кажуваат кој е одговорен за тоа, пишува СДК.мк.

Овие клупи беа поставени пред три години во времето на ексградоначалникот Петре Шилегов, откако бидејќи пред тоа беа уништени речиси сите клупи поставени во времето на неговиот претходник, Коце Трајановски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот