На пат да биде комплетиран најголемиот трансфер во историјата на Баерн?!
Спортскиот директор на германскиот шампион Хасан Салихамиџиќ доби многу критики откако минатата сезона ги засука ракавите и одлично се снајде на фудбалскиот пазар досега.
Препорачано
На „Алијанц Арена“ досега ги доведе Садио Мане од Ливерпул и Рајан Гравенберх и Нуасаир Мазрауи од Ајакс.
Прославениот босански фудбалер во последните неколку дена работи на најголемиот трансфер во историјата на баварскиот гигант и е на добар пат да го оствари.
Клубот бара докажани засилувања во одбраната, а како што веќе одреден период се најавува, изборот падна на Матијс Де Лихт, кого Јувентус е подготвен да го продаде под одредени услови.
„Гаѕета дело спорт“ наведува дека Баерн е подготвен да одвои вкупно 90 милиони евра за Холанѓанецот, што би бил апсолутен рекорд за најтрофејниот германски клуб.
Баерн на Јуве би му платил фиксни 75 милиони евра, додека останатото се однесува на лесно исполнети бонуси.
Инаку, актуелен сопственик на најскапиот трансфер во историјата на Баерн е дефанзивецот Лукас Ернандез кој пред три години беше платен 80 милиони евра.


