Де Лихт нема да оди во Премиер лигата, се договори со Баерн Минхен
Холандскиот репрезентативец Матијс де Лихт јасно им стави до знаење на челниците на Јувентус дека не сака да остане во Торино следната сезона и дека веќе ги договорил личните услови со идниот клуб. Де Лихт не крие дека од мал навива за Баерн и дека голема желба му е еден ден да заигра за германскиот тим.
Препорачано
Италијански „Тутоспорт“ пишува дека во Јувентус се помириле со податокот дека ќе останат без Де Лихт и ќе се обидат да добијат што повеќе пари.
Најголем интерес за 22-годишниот дефанзивец покажаа Челси и Баерн, но Де Лихт се одлучи за германскиот тим со кого ги договори личните услови и сака кариерата да ја продолжи во Бундеслигата.
Сега Баерн сега треба да се договори со Јувентус за висината на обештетувањето. „Старата дама“ бара 90.000.000 евра за Де Лихт чиј договор истекува за две години, додека Баерн подготви понуда тешка 80 милиони евра. Сепак, се очекува двете екипи да постигнат договор до истекот на летниот преоден рок.
Баерн летово веќе донесе една голема ѕвезда, Садио Мане од Ливерпул.


