На грчка граница се продаваат лажирани потврди за туристи што сакаат да ја преминат границата

Табановце / Фото: Слободен печат - Драган Митрески

Во пограничните области меѓу Грција и Бугарија деновиве се појавиле лажни резултати од тестови за коронавирус, кои се нудат по цена од 30 до 40 евра, јавуваат грчките медиуми, пренесе Фронтлајн.

Според извештаите, грчките власти деновиве спровеле инспекции и контроли во местото Промахонас на границата, при што е утврдено дека постои група што продава лажирани потврди за туристи што сакаат да ја преминат границата. Грција од пред неколку дена бара негативен ПЦР-тест за Ковид-19 не постар од три дена за сите туристи кои сакаат да влезат во земјата.

Според грчките медиуми, збор за потврди што се продаваат за цена од 30 до 40 евра и кои покажуваат негативни резултати од тестот на коронавирусот. Документите кои се откриени биле од неакредитирани лаборатории, кои го пишуваат името на пациентот на негативен тест за парична надомест.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот