МЗТ Скопје претрпе висок пораз во контролниот меч против ПАОК

Војдан Стојановски, десно („МЗТ Скопје Аеродром“) на натпреварот против ПАОК/фото: paokbc.gr

Играчите на МЗТ Скопје Аеродром го претрпеа првиот пораз во петтиот подготвителен натпревари во пресрет на новата сезона, откако денеска не успеаја да дојдат до триумф во пресметката со ПАОК (53:97).

Грчката екипа имаше фантастичен шутерски ден, со оглед што постигна дури 16 тројки што резултира со константно зголемување на водството.

Бојан Крстевски со девет поени беше најпрецизен во редовите на македонскиот шампион, додека Еван Максвел, Андреј Магдевски и Дамјан Стојановски постигнаа по осум поени.

Претходно, „сино-белите“ беа подобри од Арис, Здравље Лесковац, а по победите над Борац Бања Лука и Младост Земун го освоија турнирот „Земун куп“ во Белград, Србија.

До почетокот на сезоната составот на Александар Петровиќ речиси сигурно ќе одигра уште една пријателска средба против ПАОК и тоа в сабота во „Јане Сандански“, што треба да биде потврдено од противникот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот