МЗТ Скопје Аеродром го освои трофејот на „Земун купот“

МЗТ Скопје Аеродром со победничка серија во подготвителниот период/фото: Слободен печат/Драган Митрески

По победата во полуфиналето над Борац Бања Лука, македонскиот шампион успеа да слави и во финалето за прво место на меѓународниот турнир „Земун куп“ во Белград, Србија.

МЗТ Скопје Аеродром во битката за трофејот успеа да го совлада Младост Земун со конечен резултат 86:80.

Лидер на теренот беше Мајк Кафи, кој средбата ја заврши како најефикасен со 19 поени, а зад него беа Страхиња Миќовиќ со 12 и Дамјан Стојановски односно Еван Максвел со по 11 поени.

Тоа беше четврти триумф во низа за составот предводен од Александар Петровиќ во подготвителниот период.

Како што најавија од клубот договорени се и контролни мечеви во Самоков против бугарските екипи на Рилски спортист и Левски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот