МЗТ Скопје Аеродром поразен од Мега Баскет во АБА лигата

фото: Mega MIS/Ivica Veselinov

Кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром денеска во Белград загуби од Мега Баскет со резултат 93:86 во натпреварот од 21 коло од регионалната АБА лига.

Македонскиот шампион имаше добар старт откако по првата четвртина водеше со 22:27, но во следните две четвртини Србите беа подобри (26:15, 28:22).

Играчите на тренерот Драган Николиќ се обидоа во последните 10 минути да направат пресврт (17:22), но доволно само за да го ублажат 17 пораз сезонава.

Најефикасен во победничкиот тим беше Никола Ѓуришиќ со 20 поени, а за МЗТ најдобар играч беше Мајк Кефи со 18 поени.

МЗТ останува на последното место со четири победи и 17 порази. Во следното коло Аеродромци ќе бидат домаќини на Игокеа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот