МЗШВ: Земјоделските аптеки продолжуваат да работат

Со регулирањето на протоколите за транспорт обезбедувањето со сточна храна ќе се одвива непречено.

Сеидбата треба да продолжи непречено, но и во овој дел треба да се почитуваат препораките на Владата за заштита од коронавирусот.

За да можат земјоделците редовно да се обезбедуваат со заштитни средства земјоделските аптеки нема да се затвораат. Особено сега кога во тек е пролетната сеидба на пченка и сончоглед, велат од министерството за Земјоделство, шумарство и водостопанство.

-Сеидбата треба да продолжи непречено, но и во овој дел треба да се почитуваат препораките на Владата за заштита од коронавирусот, истакна Министерот за земјоделство Трајан Димковски на денешната прес-конференција што се одржа во Владата.

Од МЗШВ велат дека со регулирањето на протоколите за транспорт обезбедувањето со сточна храна ќе се одвива непречено.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот