Музејот на современата уметност иницира едукација на надоаѓачките генерации

Во период од еден месец во Музејот на современата уметност-Скопје се одвиваа секојдневно бројни кураторски тури, пред се насочени кон младите генерации, средношколци и студенти, но и за сите посетители на музејот.

Кустосот Бојана Јанева – Шемова од одделот за едукација, интензивираше вакви кураторски тури, со поддршка од колешката Виолета Савевска и пред се директорката Мира Гаќина, која има сериозен пристап кон едукативната програма на музејот.

Целта на тимот на МСУ е темелно да се обучува погледот на надоаѓачките генерации како да ја восприемат уметноста, нивна постепена едукација за вистинскиот систем на вредности.
Од средното училиште СГГУ „Здравко Цветковски“ дури на десет групи ученици им беа организирани кураторски тури низ музејот. Преку 150 ученици од средното уметничко училиште ДСУЛУД „Лазар Личеноски“, го посетија музејот и можеа одблизу да се запознаат со курентните поставки. Студентите од четврта година по Историја на уметност при Филозовскиот факултет го посетија музејот. Од гимназијата СУГС „Панче Арсовски“ поставките ги видоа преку 100тина ученици. Од приватното училиште ПСУ „Алгоритам центар“ 100тина ученици беа запознаени со поставките и историјата на музејот, истата кураторска тура ја видоа и учениците од „Колеџ Семос едукација“, колеџ за дизајн.

Прочитајте и...  Илјадници граѓани во Бристол протестираа против климатските промени

– Поттикната бев, пред сè, од разновидноста на изложбите кои Музејот на современата уметност-Скопје ги нуди во последно време и од изложбата на Никола Радуловиќ која беше вистинско освежување, како во својата концизност на концептот, така и со активно вклучување на публиката преку интерактивни објекти и изменета реалност во неговата уметност. Насочена бев кон средните училишта и факултети, но се понуди и активно кураторско водење за сите групи посетители во музејот. Освен изложбата на Радуловиќ, тековни изложби овој период беа и изложбата на фотографии од Жан Молитор „Баухас“, потоа изложбата „Третата страна на стварноста“ со дела од музејската колекција, поставени во еден современ концепт од независната кураторка Ивана Васева, како и изложбата реализирана со кураторки од МСУ и MоМА од Њујорк, „Скопје, одново“, која е отворена и во следниве два месеци. Задоложително во кураторските водења на изложбата е вклучена и историјата за настанувањето на музејот, огромното значење на неговата колекција на уметнички дела, како и податоци околу впечатливата архитектура на овој објект од културата. На тој начин, целта ми е на организираните кураторски тури, освен споделување информации околу изложбите и значењето на музејот, да им овозможам на посетителите и едно поинакво доживување, со цел музејот да го чувствуваат како свое место, каде ќе можат да се отргнат од градското секојдневие, објаснува Бојана Јанева – Шемова.

Прочитајте и...  Дачиќ: Не е исклучено коронавирусот да е дел од специјалната војна кон Кина


Дел од едукативната програма беше и организирање „Разговор со уметникот Никола Радуловиќ“, настан од отворен карактер, каде голем број посетители можеа лично да се запознаат со авторот на изложбата и да дознаат повеќе околу неговиот процес на работа. Поради големиот интерес на ученици и студенти, едукативната програма ќе продолжи и следната година, благодарејќи на овие младешки генерации, кои нескриено покажаа заинтересираност и воодушевеност кон поставките кои ги организира музејот.

Прочитај повеќе

Мицкоски: Се забавував кога зборував со господинот Зоран Заев

Маријана Митровска

Катар го потврди првиот случај на коронавирус

Слободен печат

Борисов: Не постои закана од нов миграциски бран за Бугарија

Слободен печат

Пациентката која утрово се јави на Инфективна нема коронавирус

Слободен печат

Граѓанско Демократската Унија заедно со Движењето на Слободни граѓани ја објавија коалицијата за претстојните избори

Слободен печат

Двојно зголемен буџет и нови шест лекови за пациентите со ретки боелсти

Слободен печат

Остави Коментар

Прочитај повеќе

Заев: Со успешни политики ја кренавме економијата и ја поставивме на стабилни и реални основи

Слободен печат

Дезинфекција и генерално чистење во тетовските училишта

Слободен печат

Димковски: Има заинтерсирана компанија од Турција за новата реколта тутун

Слободен печат

Димковски: Откупот на тутунот заврши, постигната е досега најголема просечна откупна цена

Слободен печат

Социолозите бараат да се сменат учебниците: Веќе не ги задоволуваат образовните потреби и барања

Слободен печат

Украинскиот премиер Хончарук повторно поднесе оставка

Слободен печат