Фото: EPA-EFE/ERDEM SAHIN

Мурињо влегол во жестока расправија со судијата: Имаше список со фудбалери кои не треба да добијат жолт картон

Жозе Мурињо повторно се најде во центарот на вниманието по драматичниот прв бараж натпревар за осминафинале во УЕФА Лига на шампиони. Португалскиот стратег беше исклучен во 65. минута, откако заработи два жолти картони, а по тесниот пораз на Бенфика од Реал Мадрид (0-1) во Лисабон, излезе со обвинувања што предизвикаа силни реакции во јавноста.

Мурињо тврди дека казната ја добил затоа што му укажал на судијата на, како што рече, очигледна неправда. Според него главниот судија однапред имал список со имиња на тројца фудбалери (Карерас, Чуамени и Хојсен) кои не смееле да добијат жолт картон, за да можат да настапат во реваншот.

„Ме исклучи зашто му ја кажав вистината, а тие не сакаат да ја слушаат. Нема тука што да се објаснува, сè е јасно. Исклучен сум поради нешто очигледно. Судијата имаше ливче на кое беа запишани имињата Карерас, Чуамени и Хојсен – дека тие не смеат да добијат жолт картон бидејќи тогаш нема да играат во реваншот. И не им го покажа картонот. Не му покажа на Карерас за онаа смешна симулација, ниту на Чуамени за десет фаули. Му реков дека имам 1.400 натпревари покрај аут-линијата, од кои 200 европски и дека тој точно знае кого смее да запише, а кого не. На крај запиша некого кого сите го видоа. Ние знаеме како функционираат овие работи“, изјави Мурињо.

Се огласи Престијани: Винисиус погрешно ме разбра

Мбапе бесен: „Фудбалерот со број 25, пет пати го нарече Винисус мајмун“

Винисиус за скандалот во Лисабон: Толку е слаб што мораше дресот да го стави преку уста

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот