Килијан Мбапе/фото: EPA-EFE/TOLGA AKMEN

Мбапе бесен: „Фудбалерот со број 25, пет пати го нарече Винисус мајмун“

Бурно беше синоќа во првиот натпревар од плејофот за пласман во осминафиналето на Лигата на шампионите во Лисабон. Бенфика и Реал Мадрид одиграа возбудлив дуел, а на крајот „кралскиот клуб“ славеше со 1:0. Единствениот гол на натпреварот го постигна Винисиус Жуниор на маестрален начин.

Сепак, по погодокот следуваа немили сцени, а во центарот на вниманието повторно беше бразилскиот фудбалер. По постигнатиот гол, Винисиус славеше кај корнер-знаменцето на начин кој, според многумина, бил непримерен.

Откако подоцна доби жолт картон, настана вистинска драма, а натпреварот беше прекинат околу десет минути поради расистичко навредување кон фудбалерот на Реал.

Иако првично се сметаше дека навредите доаѓаат од трибините, по завршувањето на средбата играчите на Реал открија дека навредите всушност доаѓале од фудбалерот на Бенфика, Џанлука Престиани, кој го навредувал Винисиус на расна основа.

Особено огорчен беше Килијан Мбапе, кој по натпреварот изјави дека Престиани дури пет пати го нарекол Винисиус мајмун.

„Играчот со број 25 пет пати го нарече мајмун. Сите го слушнавме тоа. Не сакам ни да му го изговорам името, бидејќи не го заслужува. Сите вредности на фудбалот пропаднаа“, разочарано изјави Мбапе.

Да потсетиме, реванш натпреварот меѓу Бенфика и Реал Мадрид е закажан за наредната среда.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот