Престијанини/Screenshot

Се огласи Престијани: Винисиус погрешно ме разбра

Фудбалерот НА Бенфика, Џанлукан Престијани, се огласи на социјалните мрежи по обвинувањата дека расистички го навредил Винисиус на натпреварот од Лигата на шампионите против Реал Мадрид. Инцидентот се случи на натпревар во кој Реал Мадрид победи со 1-0 со гол токму на бразилскиот напаѓач во 50. минута. Аргентинскиот фудбалер објави фотографија со Винисиус и се обиде да ја објасни ситуацијата откако беше критикуван за наводна навреда на бразилската ѕвезда.

„Сакам да разјаснам дека во ниту еден момент не го навредив расистички Винисиус, кој за жал погрешно го протолкува она што мислеше дека го слушнал. Никогаш не сум бил расист и жал ми е за заканите што ги добив од играчите на Реал Мадрид“, напиша Престијани на Инстаграм.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот