Жозе Мурињо/фото: EPA-EFE/ANGELO CARCONI

Мурињо ќе води и четврти клуб од Премиер лигата?

Португалскиот тренер Жозе Мурињо повторно се поврзува со враќање во Премиер лигата, откако се најде меѓу главните кандидати за клупата на Њукасл, доколку клубот реши да се раздели со актуелниот стратег Еди Хау.

Хау се соочува со зголемен притисок поради неубедливите резултати и пласманот во средината на табелата, што не се совпаѓа со амбициите на клубот. Според информациите на новинарот Алекс Крук, Мурињо е сериозна опција за негов наследник.

„Притисокот врз Еди Хау расте. Според моите информации, Жозе Мурињо е сериозен кандидат да го наследи“, изјави Крук.

„Тој има добар однос со спортскиот директор Ден Ешворт уште од времето кога работеше во Челси. Дополнително, има голема желба повторно да работи во Премиер лигата, бидејќи смета дека таму има недовршена работа.“

Њукасл моментално се наоѓа на десеттата позиција и има сезона со променлива форма, дополнително отежната од повреди на неколку важни играчи. Со оглед на високите амбиции на сопствениците, евентуален неуспех во борбата за европските позиции би можел сериозно да ја доведе во прашање иднината на Хау.

Во Англија, Португалецот претходно покрај Челси работеше уште во Тотенхем и Манчестер јунајтед.

Ужас во Еквадор: Фудбалски судија убиен среде натпревар

ВИДЕО | Не е лесно да сте Фабрицио Романо: Откри поради кој трансфер морал да прекине интимен однос со девојката

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот