Ужас во Еквадор: Фудбалски судија убиен среде натпревар
Трагичен настан го потресе Еквадор, откако судија беше застрелан среде фудбалски натпревар, јавуваат локалните медиуми.
Препорачано
Жртвата е 48-годишниот Хавиер Ортега, а нападот се случил во неделата во градот Пасаје, во крајбрежната провинција Ел Оро, пред очите на бројни гледачи.
Според очевидци, неколку вооружени напаѓачи му пришле на судијата додека натпреварот бил во тек, по што отвориле оган и избегале од местото. Нападот предизвикал паника меѓу присутните, кои веднаш побарале засолниште.
Ортега важел за добро познат судија на локално ниво, кој редовно делел правда на аматерски натпревари. И покрај брзата интервенција на медицинските екипи, лекарите само констатирале смрт на лице место.
Натпреварот бил веднаш прекинат, а теренот обезбеден од надлежните служби за да се изврши увид. Клубот домаќин ги откажал сите следни активности сè додека не се разјасни случајот.
Семејството на убиениот, кое според информациите било присутно на трибините, бара брза и темелна истрага. Во меѓувреме, полицијата веќе отвори случај кој се води како убиство со умисла.
Football referee is shot dead in front of players and spectators mid-match after attackers stormed the pitch in shocking moment https://t.co/fUQHtYzEUN
— Daily Mail Sport (@MailSport) April 15, 2026


