ВИДЕО | Не е лесно да сте Фабрицио Романо: Откри поради кој трансфер морал да прекине интимен однос со девојката
Името на Фабрицио Романо веќе со години е прва асоцијација кога станува збор за фудбалските трансфери. Италијанскиот новинар изгради репутација на еден од најсигурните извори во оваа сфера, а неговата постојана активност и ексклузиви го направија исклучително влијателен меѓу фудбалските фанови.
Препорачано
Со огромен број следбеници и директни контакти со најголемите имиња во фудбалот, Романо денес го има речиси сето она што може да го посака еден спортски новинар. Сепак, зад успехот се крие и лична цена. Тој признава дека приватниот живот често страда поради динамичниот работен ритам и дека без размислување би заменил дел од славата за стабилна љубовна врска.
Воедно, сподели и анегдота која засекогаш ќе ја памети, приказна поврзана со трансферот на Серхио Регилон, кој му прекинал интимен момент со тогашната девојка.
„Ќе го паметам Регилон во Тотенхем до крајот на животот. Беше доцна во ноќта, сите мислеа дека ќе заврши во Манчестер Јунајтед, но и Тотенхем беше во игра. Ми се јави околу 1:40 и ми ја потврди одлуката. Морав да прекинам сè и да се јавам, иако моментот не беше најсоодветен. Барем веста беше точна“, раскажа Романо.
View this post on Instagram


