Му лежи Бундеслигата: Вернер погоди, но Лајпциг не успеа да победи

фото: EPA-EFE/Alexander Hassenstein

Германскиот репрезентативец Тимо Вернер изминатата недела го напушти Челси и се врати во Лајпциг и веднаш на првиот натпревар за Лајпциг постигна гол, но неговиот тим не успеа да слави.

Лајпциг на домашен терен два пати имаше предност против Келн, но на крајот натпреварот заврши 2:2. Вернер го отвори резултатот во 36 минута со одличен шут од далечина иако на голот му кумуваше и голманот на Келн. Гостите израмнија само четири минути подоцна преку Диц.

Во второто идентична слика, Лајпциг поведе со голот на Нкунку, но Келн израмни благодарение на автоголот на Гвардиол.
Ајнтрахт одигра 1:1 на гости кај Херта која поведе уште во третата минута благодарение на голот на Сердар.

И во третата минута, но во вториот дел, беше постигнат гол, овој пат од играчите на Ајнтрахт. Коло Муани поведе контранапад по левата страна, ја испрати топката во средината каде беше Камада кој израмни на 1:1.

Аугсбург приреди изненадување победувајќи го Баер Леверкузен со 1:2 и тоа како гостин. Јенсен ги доведе гостите во предност во 15. минута, а израмни Арангуиз во 43. Победата на Аугсбург му ја донесе Хан во 82. минута од натпреварот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот