МТСП:Исплатени надоместоците за невработените и стечајците за месец мај

Паричниот надоместок се исплатува согласно Законот за вработувањето и осигурување во случај на невработеност и Законот за материјално обезбедување на невработените лица поради приватизацијата на претпријатијата со доминантна сопственост на државата.

Министерството за труд и социјална политика и Агенцијата за вработување соопштуваат дека на корисниците на паричен надоместок и стечајците им се исплатени средствата за месец мај.

Паричниот надоместок се исплатува согласно Законот за вработувањето и осигурување во случај на невработеност и Законот за материјално обезбедување на невработените лица поради приватизацијата на претпријатијата со доминантна сопственост на државата.

Со последните дополнувања на регулативата, работниците кои поради коронакризата останале без работа во периодот од 11 март до 30 април, врз основа на потпишана спогодба, отказ или лична изјава, независно од времето поминато во работен однос, можат брзо да дојдат до помош за полесно да го премостат периодот на невработеност.

За да добие паричен надоместок во времетраење од два месеца, невработеното лице треба да достави барање до надлежниот центар за вработување на Агенцијата за вработување.

 

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот