МСУ објави повик за изработка на проект за санација на скалите и платото

Фото Фејсбук

Музејот на современа уметност објавува повик за изработка на идеен проект за партерно уредување и санација на скалите и платото пред МСУ. На Повикот со свое оригинално решение можат да се пријават сите архитекти носители на лиценца А, а иницијативата е од хуманитарен карактер.

Повикот за донација на проект за партерно уредување и санација на скалите и платото пред МСУ ќе трае 20 дена од денот на огласување, а е упатен до сите архитекти на РС Македонија, носители на лиценца А. Иницијативата за санација на скалите и платото пред Музејот е резултат на приватна донаторска акција, заради што МСУ ги повикува и архитектите заинтересирани за овој повик да го донираат идејното решение. Со тоа, ќе ја поддржат донацијата, ќе ја зголемат нејзината вредност за музејот и ќе допринесат за единствен краен резултат.

Приватната донација во висина од 600.000,00 денари доаѓа од повеќе субјекти  и е наменета за изведба на градежните работи неопходни за санацијата.

Музејот на современа уметност е плод на солидарност, авангардна и благородна идеја, и до денес достојно ја исполнува својата цел. Визијата на оваа иницијатива заедно со оригиналните идеи и искуството на архитектите ќе остави ново наследство за МСУ и за идните генерации.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот