„Мозокот постојано ми велеше дека ова е премногу различно за да функционира, но ние не се откажавме и успеавме“

Фото: Принтскрин/Инстаграм

Сиера е од Северна Каролина, а Тевабе од Етиопија. Се запознале на еден заеднички проект. Иако мислеле дека својата љубов нема да можат да ја продолжат поради големата одалеченост, тие сепак успеале.

За Сиера која е научник, љубовта никогаш не била приоритет, туку претставувала одвраќање на вниманието од нејзиното образование и целите. Животот за неа бил само – кариерата, се додека не го запознала Тевабе.

Сиера и Тевабе се запознале за време на студиите на едно археолошко наоѓалиште. Сиера е од Северна Каролина, а Тевабе од Етиопија. За време на оваа заедничка теренска работа тие сфатиле дека се многу слични, па токму поради тоа поминувале се повеќе време заедно.

За Божиќ, Тевабе ја замолил да танцува со него. Тие полека се вљубувале еден во друг, но не признавале. Неговата култура се повеќе ја интересирала Сиера и таа уживала да учи за тоа. Еден ден едно куче започнало да лае на Сиера, а Тевабе ја приближил кон себе и и рекол: „Не сакам да те касне кучето, бидејќи те сакам“. Таа веднаш му одговорила дека и таа го сака – и така започнало се. Тој ден тие го слават како своја годишница.

Сепак, иако изгледало дека оваа врска ќе биде невозможна да се одржи поради растојанието и временската разлика од 9-10 часа, таа и Тевабе продолжиле да разговараат преку „WhatsApp“ и „Facebook Messenger“. Тевабе имал ужасна телефонска врска и немал интернет. Набргу потоа, Сиера добила стипендија за постдипломски студии, што значело дека може да си дозволи да се врати во Етиопија.

„Мојот мозок постојано ми велеше дека ова е премногу различно за да функционира, но ние не се откажавме и успеавме“, рече Сиера.

Тевабе и Сиера испланирале петнеделна авантура. Тевабе дошол по неа на аеродромот со букет рози, а следниот ден Сиера се сретнала со семејството на Тевабе. Тие патувале заедно низ цела Етиопија.


За време на една од посетите на Сиера во Етиопија, Тевабе ја запросил.

„Врската бара меѓусебно почитување и компромис, особено кога припаѓате на различни култури. Двете лица во врска мора целосно да ја почитуваат културата на партнерот и да бидат подготвени да учат за тоа. Мора да бидете подготвени за компромис. Тоа бара силна комуникација и доверба“, рече Сиера.

„Запознавањето и заљубувањето во Тевабе ми помогна да сфатам дека во животот има повеќе од самите достигнувања во кариерата. Искуството ми помогна повеќе да ја ценам љубовта и да ја гледам како нешто суштинско за среќен и успешен живот. Тевабе секогаш ме насмевнува и ме прави да се чувствувам посебно. Се поддржуваме еден со друг. Ова е вистинска љубов – заклучила таа, а пишува Bright Side .

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот