Можно е нашите од Емиратите да бегаат со автобуси 15 часа преку пустина, накај Саудиска Арабија
Амбасадата на Македонија во Абу Даби соопшти дека се разгледува можноста за репатријација и евакуација на нашите граѓани од Обединетите Арапски Емирати преку Кралството Саудиска Арабија.
Препорачано
Како што се наведува во објавата на амбасадата на социјалните мрежи, репатријацијата и евакуацијата на нашите граѓани кои се затекнати во ОАЕ ќе се одвива преку копнената граница кон Кралството Саудиска Арабија и оттаму со авиони што полетуваат од територијата на државата.
– Транспортот од Обединетите Арапски Емирати до Кралството Саудиска Арабија би се одвивал по копнен пат со автобуси и тој би траел од 13 до 15 часа. Преку формално барање/нота од Амбасадата и МНР врз основа на доставен список, властите на Саудиска Арабија би издале хуманитарни визи за македонските граѓани на самиот граничен премин – се наведува во информацијата.
Македонските граѓани, кои се заинтересирани за оваа можност, треба да се пријават на дежурниот број на Амбасадата +971 56 441 7532, како и на имејл-адресата: [email protected].
Министерството за надворешни работи пред два дена ги објави телефоните за помош за нашите граѓани на Блискиот Исток.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
50мин
-
1час
-
2час
-
2час
-
2час
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5


