Фото: Монтажа / МНР

Итни линии за нашите граѓани во Катар, Кувајт, Бахреин и во Емиратите

Поради влошената безбедносна состојба на Блискиот Исток, Министерството за надворешни работи и надворешна трговија апелира до македонските државјани кои престојуваат во Катар, Обединетите Арапски Емирати, Кувајт и во Бахреин да бидат претпазливи и редовно да ги следат официјалните соопштенија.

Од Владата порачуваат граѓаните доследно да ги почитуваат насоките и препораките на надлежните институции во земјите каде што се наоѓаат.

Министерството наведува дека внимателно ја следи состојбата и дека јавноста ќе биде навремено информирана за сите значајни случувања.

Македонските државјани на кои им е потребна помош или дополнителни информации можат да се обратат на следните контакти:

Амбасада на Република Северна Македонија во Доха:
Телефонски број: +974 50 173 111
E-адреса: [email protected]

Амбасада на Република Северна Македонија во Абу Даби
Телефонски број: +971 56 441 7532
E-адреса: [email protected]

Министерство за надворешни работи и надворешна трговија
Телефонски број: +389 75 273 732 / +389 75 268 736
E-адреса: [email protected]

МНР: Формиран кризен штаб кој континуирано ја следи состојбата и е достапен 24 часа

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот